Скола втор стрелец во историјата на Светските првенства

Легендарниот аргентински кошаркар Луис Скола во денешниот триумф на неговата селекција над Нигерија се запиша во книгата на рекорди на Светските првенства. Тој се искачи на второто место на вечната листа на најдобри стрелци на Светските првенства, престигнувајќи го Австралијанецот Ендрју Гејз кој сега е трет.

Скола во триумфот од 94:81 над Нигерија постигна 23 поени и дојде до бројката од 611 поени на Светските првенства, и единствено пред него се наоѓа само легендарниот Бразилец Оскар Шмит кој има недостижни 906 поени.

На четвртото место на листата на најдобри стрелци се наоѓа Дражен Далипаѓиќ со 563 поени, а петти е легендарниот Порториканец Хозе Пикулин Ортиз со 511 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот