Скокнала во гејзер за да го спаси кучето: Се здобила со тешки изгореници

ФОТО: Profimedia

Девојката која се здоби со тешки изгореници откако скокна во топол извор во националниот парк Јелоустоун за да го спаси своето куче, сега е во критична состојба.

Дваесетгодишна девојка, чиј идентитет сѐ уште не ѝ е познат на јавноста, во понеделникот скокнала во извор со температура на водата од околу 90 степени Целзиусови за да го спаси своето куче.

Притоа, таа се здобила со изгореници „од стапалата до рамена“ и веднаш била пренесена во болница. Девојката од термалниот извор успеал да ја извлече и да ја спаси татко ѝ, пренесува „Ен-би-си њуз“.

За жал, таа не успеала да го спаси кучето, кое скокнало од автомобилот и влетало во изворот.

Според службата за паркот, во Јелоустоун има околу 10.000 хидротермални извори, од кои повеќе од 500 се гејзери. Досега, повеќе од 20 луѓе загинале во тој национален парк откако влегле или паднале во термалните извори.

Видео на денот