Скок од три места за Македонија на ранг-листата на ФИФА

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Одличните настапи на македонската фудбалска репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП 2020 година ѝ донесоа скок од три места на најновата ранг-листа на ФИФА.
Македонија на стартот од квалификациите со 3:1 ја совлада Летонија, додека на гостувањето во Словенија одигра 1:1, резултати кои ја донесоа на 68. место на ранг-листата на ФИФА.

Од противниците на Македонија во квалификациите, најголем скок направи селекцијата на Израел која скокна за осум места и сега се наоѓа на 84. место, а Австрија со ремито против Израел и поразот од Полска, падна дури 11 позиции и сега се наоѓа на 34. место.

Најдобропласирана селекција од групата е Полска (20), Словенија е на 63. место, додена најслаб ранкинг има Летонија (134).
Во топ 10 се наоѓаат Белгија, Франција, Бразил, Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Шварцарија, Шпанија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот