Скок од едно место на репрезентацијата на ФИФА ранг листата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за едно место на последната ФИФА ранг листа која е објавена денеска.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски изминиатиот месец одиграа три натпревари, го совладаа Косво со 2:1 во најважниот натпревар во досегашната историја, а во новото издание од Лигата на нации ремизираа со Естонија на гости (3:3) и на домашен терен против Грузија (1:1). На најновата ранг листа, Македонија има 1.356 бода со кои се најде на 65. место.

Наредниот противник на Македонија, селекцијата на Грузија со која во ноември ќе играме во финалето од баражот за пласман на Европското првенство е 20. места послабопласирана, се наоѓа на 86.место со 1.287 бодови.
На првите пет позиции нема промени, најдобра е репрезентацијата на Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

ФИНАЛЕ: Македонија на една победа до историски пласман на Европското првенство! (ФОТО+ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот