Скерлев: Обединетото кралство стана прилично разединето, половина од луѓето се соочуваат со ментални проблеми

Според податоците 36.654 лица починале од КОВИД-19 во Британија. Но, статистичарите не се согласуваат и велат дека таа бројка е над 50.000. Велика Британија на почетокот не го сметаше оној број на луѓе кои починуваа надвор од болниците. 50.000 е застрашувачка бројка и е неверојатно голема и за земја како Велика Британија, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директно од Лондон, новинарката Жанета Скерлев.

Откако го прележа коронавирусот, Џонсон стана посвесен за ризикот кој го носи Ковид-19.

-Обединетото кралство стана прилично разединето. Шкотска и Велс не се согласија со Џонсон, па така Англија ги олабави мерките, а овие две земји не, па така кај нив останува мерката останете дома, а во Англија е останете внимателни. Сега имаме разединето кралство.

Училишната година се очекува да продолжи по укинувањето на мерките, но се чини дека тоа го застапуваат поагресивните членови во владата на Џонсон. Мора да се спомне дека Џонсон откако го прележа КОВИД-19 е многу повнимателен и не сака да ризикува и поширокот население да биде на некој начин соочено со смрт, рече Скерлев.

Граѓаните во Велика Британија се соочуваат со ментални проблеми.

-Вчера со кола отидов до централен Лондон. Јас такво нешто немам видено. Централен Лондон беше пуст. Половина од луѓето во Обединетото кралство сега се соочуваат со ментални проблеми. Се советуваат да прават разлика од лажна и точна вест, додаде Скерлев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот