Скерлев: Лондонскиот градоначалник ја поддржува акцијата за отстранување на статуи на луѓе поврзани со робовладетелството (ВИДЕО)

Демонстрации и во Британија. Отстранување на споменици поврзани со ропството. Утрово полицијата и градежните работници во Бристол извадија статуа од Едвард Колстон, заменик гувернерот на Ројал Африка компани од реката Авон, која без многу церемонии беше пред некој ден турната. Најверојатно ќе биде сместена во музеј, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарката Жанета Скерлев во врска со состојбата со протестите во Велика Британија.

Лоцирани споменици кои треба да бидат отстранети, а за оваа акција поддршка демонстрантите добија и од градоначалникот на Лондон.

-Демонстрациите продолжуваат, се подготвува список и се организираат млади луѓе, научници, кои сакаат да ги лоцираат местата во Велика Британија каде што има статуи на луѓе кои имаат врска со робовладетелството. Лоцирани се над стотина такви споменици и се прават планови како да се отстранат тие споменици,

Оваа акција има поддршка и од лондонскиот градоначалник, за разлика од поделеноста во владата каде има некои кои сметаат дека сега не е е време тоа да се прави, особено што Британија се наоѓа во потешкотии од КОВИД-19. Но, има и некои кои со право го поставуваат прашањето – ако не сега кога, додаде Скерлев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот