Скарлет Јохансон и понатаму му верува на Вуди Ален, но ги поддржува и жените!

Profimedia

Пред скоро 3 месеци актерката Скарлет Јохансон во разговор за The Hollywood Reporter изјавила дека го сака и почитува режисерот Вуди Ален, откако глумела во три негови филма „Match Point“, „Scoop“ и „Vicky Cristina Barcelona“. „Му верувам и секогаш би работела со него“, изјавила Скарлет, а тоа  предизвика различни реакции помеѓу нејзините колеги и колешки со оглед на тоа дека тој му е очув на Дилан Фароу, која го обвини дека сексуално ја злоупотребувал додека била дете.

Меѓутоа, таа тогаш изјави дека често се сретнува со Ален, многу разговараат и отворени се еден кон друг. „Тој инсистира на својата невиност и јас му верувам“, заклучи Јохансон.

Profimedia

Скарлет Јохансон на насловната на новиот број на „Vanity Fair“ ги објасни своите ставови од пред три месеци, поврзани со Вуди Ален. „Блиска сум со Вуди … тој ми е пријател“, започна со објаснувањето зошто одлучила да го поддржи режисерот. „Но, јас немам друг увид во случувањата освен мојот однос со него“. Дилан Фароу лично напиша 2 есеја за злоупотребувањето, дури интервју ѝ правеше Гејл Кинг од CBS, а исто така се објавуваа и бројни вести за тој случај. Јохансон инсистира на тоа дека ги поддржува жените и жртвите на злоупотребата.

„Само затоа што му верувам на својот пријател, не значи дека не ги поддржувам жените или дека не им верувам“, рекла Скарлет. „Мислам дека тоа мора да го анализирате од случај до случај. Не можете да генерализирате и да кажете – јас не верувам во тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот