СКАПО ОТРЕЗНУВАЊЕ: Шеици милијардери не сакале да платат сметка во дискотека

www.yachtcharterfleet.com

Пред неколку дена во Дубровник стигнала една од најголемите и најлуксузни јахти на светот. Станува збор за јахтата „Yas“, долга 141 метар, која е во сопственост на шеикот Хамдан бин Зајед бин Султана Ал Нахјана, емир на Обединетите Арапски Емирати.

Истата вечер друштвото од јахтата одлучило да го запознае ноќниот живот во Дубровник, па се упатиле во популарната дискотека „Culture Club Revelin“.

Како што дознава Дубровнички дневник, таму ги честеле хостесите со скапо шампањско, испиле многу алкохол, а кога дошла сметката од 50 илјади евра не сакале да ја платат. Поточно, сакале да го платат само делот од сметката што се однесувал на нивните пијалаци, а делот за шампањското со кое ги честеле хостесите не сакале да го платат.

Полицијата на крај привела еден од нив и едно женско лице, кои по отрезнувањето ја платиле сметката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот