Скапата струја го гаси Комбинатот за алуминиум во Црна Гора, 500 луѓе би можеле да останат без работа

Струја / Фото: ЕПА

Раководството на Комбинатот за алуминиум (КАП) им најави на своите работници да се подготват за постепено затворање на оддели во Електролиза, односно целосен прекин на производството на алуминиум од 15 декември поради високите цени на струјата од 1 јануари, кога им истекува постоечкиот договор за снабдување со Електростопанство, објавија Вијести.

КАП струјата сега ја плаќа по цена од 45 евра за мегават, плус ДДВ, додека последниве месеци цената на меѓународните берзи достигна цена од 250 евра за мегават поради гасно-енергетската криза на целиот европски континент.

Електростопанство на Црна Гора (ЕПЦГ) не се подготвени да трпат загуби, бидејќи самата набавува дел од увезената струја, поради што на КАП и дала понуда за следната година од 183 евра за мегават, што КАП не може да ја издржи, јави Радио телевизија на Црна Гора.

Унипром, кој стана сопственик на КАП во август по стечајот, потврди за „Вијести“ дека нема да може да работи со новите цени на струјата и дека во тие услови ќе ја затвори компанијата, а 500 луѓе ќе останат без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот