„Сканија“ удрила во „Голф“ со пет луѓе во кавадаречко, среќа е што се живи

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Петмина се повредени, од кои 33-годишен жител на Кавадарци потешко, во сообраќајна несреќа што се случила кај селото Конопиште, кога камион „Сканија“ удрил во нивниот „Голф“, соопшти МВР.

„Денеска (31.01.2023) во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Мушов гроб кон Конопиште се случила сообраќајна несреќа помегу товарно возило „сканиа” со неготински регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(57) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од с.Марена, кавадаречко“, велат од МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил М.Г.(33) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и тројца негови сопатници, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот