Скандинавското дерби и припадна на Норвешка

Во второто дерби на ЕП, Унгарија ја изненади Словенија која го доживеа првиот пораз.

Светскиот вицешампион Норвешка останува со максимален ефект на Европското првенство и по петтиот натпревар. Последна жртва на Норвежаните беше Шведска која во рамките на групата 2 од втората фаза е совладана со 23:20.

Норвежаните беа подобар тим во текот на целиот натпревар, уште во првото полувреме дојдоа до предност од четири голови (12:8), за во второто полувреме рутински да ја одржуваат таа разлика.

Најефикасен во редовите на Норвешка беше Сагосен со седум гола, додека кај Шведска најпрецизен беше Лукас Пелассо пет погодоци.

Во второто дерби, Унгарија со 29:28 ја совлада Словенија и остана во игра за освојување на второто место кое носи пласман во полуфиналето. Банхиди беше најпрецизен кај Унгарците со девет постигнати голови, а Големец постигна седум гола за Словенија.

Селекцијата на Исланд со 28:25 беше поуспешна од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот