Скандинавците „хит“ во зимскиот преоден рок 2020! (ФОТО)

Се ближи крајот на зимскиот преоден рок во Топ 5 европските лиги, во Шпанија, Англија, Франција Италија и Германија завршува на 31 јануари.

Како што и се најавуваше пред почетокот на зимскиот преоден рок во Топ 5 европските лиги, тројца играчи од скандинавските држави ќе биде во центарот на вниманието овој месец на фудбалскиот пазар.

Кристијан Ериксен, данскиот интернационалец кој досега ги бранеше боите на Тотенхем, беше официјално промовиран на „Џузепе Меаца“.

Потоа, шведската легенда Златан Ибрахимовиќ кој ја заврши американската авантура во Лос Анџелес Галакси, одлучи да се врати во својот поранешен клуб Милан.

И на крајот норвешката „гол-машина“ Ерлинг Халанд после одличните шест месеци во Салцбург, одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд каде што имаше фантастично деби.

Се ближи крајот на зимскиот преоден рок во Топ 5 европските лиги, во Шпанија, Англија, Франција Италија и Германија завршува на 31 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот