Скандалозното видео за децата што пејат за проститутки и за дрога, настанало на детски роденден во Македонија!

принтскрин

Снимката на децата чии гласови уште не мутирале, а гласно пејат за дрога и за проститутки, повторувајќи ги зборовите на стиховите од песната „Ух“ на српскиот трапер Девитo, всушност настанала во Македонија, на детски роденден, а родителите биле во истата просторија.

Сепак, исто се однесуваат и иста музика слушаат и децата од Србија и на цел Балкан, дознава Блиц од диџејот кој ја пуштал музиката забележена на виралната снимка.

Децата на снимката имаат 12-13 години, а песната „Ух“ дури не била ни прва, открива диџејот.

„Веќе три години работам во Македонија во клуб за деца и малку по малку станав еден од најпознатите диџеи за деца во цела Македонија, а причина за тоа е што на секое дете му исполнувам желба“, рекол диџејот Борјан Илковски (21).

Во кој македонски град и кога точно настанала снимката Борјан не сакал да каже, но повторувал дека ги прашувал родителите дали е во ред децата да слушаат што сакаат и дека добил потврден одговор – „само нека играат и пејат“.

Спорната песна која на Јутјуб од крајот на јуни до сега има повеќе од 8,5 милиони прегледи ја снимил изведувачот Девито. И тој на својот приватен Инстаграм ја споделил оваа снимка со коментар „нема понатаму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот