Скандалозно однесување на сопругата на Нетанјаху во Украина (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Според медиумите во Украина, посетата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на оваа земја не започнала на најдобар начин, а причината за тоа била неговата сопруга Сара.

Имено, таа прво се налутила бидејќи помислила дека не била поздравена при обраќањето кон патниците за време на летот.

Веднаш се упатила кон пилотската кабина, а кога не и било дозволено да влезе внатре, како што стои во прописите, Сара уште толку се налутила.

Инцидентот завршил откако повторно биле поздравени Нетанјаху и сопругата. Човекот тврдел дека го поздравил парот и при првото обраќање на патниците, но дека таа не го слушнала.

Кога пристигнале во Киев, на премиерот на Израел и на неговата сопруга им било традиционално добредојде.

Нив ги пречекале три девојки во народни украински носии. Додека Бенјамин го јадел лебот со сол, неговата сопруга го земала нејзиното парче и го фрлила на земја.

Подоцна на социјалните мрежи се појавило и видео од овој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот