Скандалозно: Лекарската комора ѝ бара 500 евра на пациентката што остана без дојки, за да ѝ го даде извештајот од надзорот

Фото:

Пациентката што остана без дојки поради грешна дијагноза за канцер не може да си го земе извештајот од стручниот надзор во Лекарската комора ако не плати 500 евра. Тоа е одговорот кој нејзината адвокатка го добила вчера во просториите на Лекарската комора, иако извештајот е готов, а побаран е во 2019 година. Извештајот го има обвинителството, министерството за здравство ама не и пациентката на која била извршена двојна масектомија и која 5 години чека исход од постапката која уште е во фаза на предистражна постапка.

-Образложението што ми го дадоа е дека надзорот на барање на пациент мора да се плати и дека сумата е 30.000 денари, вели за „Слободен печат“ адвокатката Павлинка Гичева Петкова.

Од Министерството за здравство велат дека Министерството за здравство согласно Законот за здравствена заштита може да и наложи на Лекарската комора да изврши стручен надзор.

„Трошоците за вршење на стручните надзри кои се на барање на Министерството за здравство ги покрива самата Лекарска комора. За другите случаи информација може да побарате од Лекарската комора“, соопштија од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот