Скандалозни фотографии на американска политичарка: Се бакнува со секретарката, позира гола и пуши бонг (ФОТО)
Американската демократска конгресменка Кејти Хил се најде во центар на скандал откако се појавиле фотографии на кои позира гола со нацистичка тетоважа и пуши бонг, пишува Дејли мејл.
Исто така Хил е фотографирана како се бакнува со млада жена која подоцна е идентификувана како нејзината помошничка Морган Десџардинс.
Фотографиите на конгресменката од Калифорнија се објавени еден ден откако против неа била започната истрага поради тврдењата дека имала сексуални односи со двајца млади законодавни работници, од машки и од женски пол.
Кејти, нејзиниот сопруг од кого се разведува и Морган со години биле во полигамна врска.
Морган започнала врска со Кејти и со Кени пред три години, а тројката се распаднала ова лето откако Кејти им рекла на своите партнери дека сака да се фокусира на работата.
Фотографиите биле пратени во пораки кои откриле дека брачниот пар нејзините разголени фотографии ги закачувал на сајтот под назив „Дали би ја …. мојата жена?
Мета податоците на фотографиите на кои Кејти пуши бонг откриваат дека настанале во 2017 година, пред марихуаната да биде легализирана за рекреатиовна употреба во Калифорнија.
Една од фотографиите на кои политичарката е гола покажуваат дека има нацистичка тетоважа.