Скандалозна изјава на Вучиќ: Немаме право да уништуваме повеќе животи од планираното

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното јавно обраќање по повод повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум, зборуваше и за компанијата Рио Тинто, која доби државна концесија за изградба на рудник за литиум во земјата. Притоа, Вучиќ изрече скандалозна реченица за која не е јасно дали беше лапсус или голем гаф – Вучиќ рече: „немаме право да уништуваме животи на повеќе луѓе од првично планираното“.

Владата на Србија денеска донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, како и за измена на усвоениот Закон за референдум и народни иницијативи. По тој повод, Вучиќ одржа прес-конференција.

Со оглед на тоа што овој закон беше поврзан со подготовката на теренот за компанијата Рио Тинто, почетокот на ископувањето на литиум во долината Јадар, но и на претпоставената еколошката катастрофа што ќе следи, Вучиќ се осврна и на ова прашање.

„Знам дека има различни мислења во Владата, знам дека има и такви кои мислат дека тоа би било нормално, добро и важно. Знам дека има и други, мислам дека поради намалувањето на трошоците на странска компанија немаме право… Кога правиш нешто не можеш секогаш да ги задоволиш сите интереси, но немаме право да ги уништуваме животите на повеќе луѓе од првично планираното“, рече Вучиќ.

„Од друга страна, суштински треба да видиме дали сакаме воопшто да го имаме тој рудник или не и за тоа мора да се започне сериозна јавна дебата“, додаде српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот