Скандалозна хуманитарна измама: Жена со лажни слики и податоци барала 800.000 евра

Ова требаше да биде топла човечка приказна за германско момче со хрватско потекло и тешка дијагноза на кого му требаат донации за спасувачка операција во САД, а се претвори во откривање на меѓународна измама, на која наседна и британската војвотка од Јорк.

Извесна Миа, 36-годишна германска фризерка, како што се претставила, била контактирана од новинар од списокот Јутарњи на почетокот на минатата недела. Таа кажала дека живеат во Германија, но дека имаат хрватско потекло од страната на нејзиниот сопруг. За жал, единствена која го зборувала хрватскиот јазик била бабата на сопругот, која починала одамна.

Миа Дебељак отворила профил на страната за донации GoFundMe , истакнувајќи дека нејзиниот син Лукас кој има 6 години има мали шанси да преживее, доколку не оди на операција која чини 800.000 евра. За Лукас кажува дека е роден со половина срце и дека мора да замине на операција во САД. Дополнително истакнува дека ситуацијата му се влошува, а тоа го потврдува и доктор Јохан Трони од болницата Хелиос во Кил.

Сепак случајот се разоткрива откако мајката објавува слика од друго дете кое ја имало оваа дијагноза и кое имало операција во 2014 година, Новинарката која работи на оваа приказна дознава и дека не постои доктор по тоа име и дека конкретната болница во Кил не работи со кардиоваскуларни заболувања. На крајот Миа ги брише сите профили и од сумата која ја барала, успеала да собере само 1.770 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот