Скандалозен крај на блескава кариера: Славниот водител даде отказ поради аферата со многу помлад колега

Славниот британски водител Филип Шофилд во петокот даде отказ од емисијата, откако призна за „Дејли мејл“ дека лажел за „немудрата, но не и незаконска“ афера со многу помлад маж. Тој, исто така, се извини на својата сопруга Стефани Лоу, со која беше речиси 30 години, која застана покрај него откако тој излезе како хомосексуалец во 2020 година.
View this post on Instagram
„Отсекогаш сум бил горд што покривам фасцинантни приказни во емисијата ‘Ова утро’. Но, неодамна ‘Ова утро’ стана самата приказна“, изјави Филип на социјалните мрежи по објавувањето на одлуката
Дуото ги забавуваше гледачите цели 13 години, а Холи наводно им дала ултиматум на продуцентите да одлучат дали го сака него или неа, бидејќи немало друг начин.
Првично, како причина за кавгата се наведуваше судењето на братот на Филип, Тимоти, за сексуална злоупотреба на деца. Тимоти е обвинет на 12 години затвор, а Филип тоа го чувал во тајност од својата колешка која дознала се од весниците, поради што наводно многу ја налутил и повредил. И покрај тоа, Филип по кратка пауза се врати во шоуто и истакна дека Холи му е голема поддршка на снимањето, но и во приватниот живот.
View this post on Instagram
А потоа беа откриени нови детали.
Имено, водителот неколку дена по неговата оставка откри дека е во врска со многу помлад човек кој работел со него во емисијата „Ова утро“ и дека сето тоа се случувало додека тој се уште бил во брак со сопругата Стефани Лоу. Дури во 2020 година Филип јавно призна дека е хомосексуалец, а потоа Холи рече дека никогаш не била погорда на него.
Водителот исто така тврдеше дека никој од неговите претпоставени не знаел за оваа афера, но неговиот поранешен колега Имон Холмс се огласи на социјалните мрежи и ги обвини поранешните шефови дека знаеле се и никогаш не преземале ништо.
„Ја прифативме оставката на Филип и тој повеќе нема да се појавува на малите екрани“, се наведува во официјалното соопштение.
View this post on Instagram
Водителот Филип го запознал својот поранешен љубовник кога тој имал само 15 години и му пришол.
„Наспроти шпекулациите, иако овој човек го запознав кога беше тинејџер кога ме замоли да му помогнам да најде работа на телевизија, дури откако почна да работи во емисијата, нашата врска стана повеќе од пријателска. Тој однос не беше мудар, но не беше незаконски. Сега е готов“, дополнително открил Филип.
„Мојата најискрена желба е тој и неговото семејство да можат да продолжат со животот без понатамошно мешање и оваа изјава да им го овозможи тоа“, заклучил Филип за својот поранешен љубовник, поради кој му се уништи кариерата.
View this post on Instagram