Скандалозен инцидент во Барселона: Навивачите на Ливерпул фрлале старци во фонтана и ги исмевале (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Навивачите на Ливерпул направиле вистински скандал во Барселона пред првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампиони. Некои од нив се снимени како ги фрлаат локалните жители во фонтана и тоа прикрадувајќи им се од зад грб, и директно фрлајќи ги во водата.

Забележени се неколку такви случаи, а на една снимка се гледа и како фрлаат во фонтаната на плоштадот еден постар господин, а потоа сите му се смеат.

Исто така пријавено е дека некои од фановите на Ливерпул го навредувале персоналот во хотелите.
Според наводите на британските таблоиди, поради инцидентите се уапсени шест навивачи на Ливерпул поради нарушување на јавниот ред и мир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот