СКАНДАЛ ВО ЗАГРЕБ: Државен стан служел како параван за проституција

фото: Профимедиа

Во еден од државните станови во центарот на Загреб пронајдени се интимни играчки, женска долна облека, алкохол и цигари и утврдено е дека станот служел за проституција.

Големиот стан на трет спрат на Плоштадот Бан Јелачиќ бесплатно со години го користела една личност, пренесува ХРТ и додава дека тоа е откриено по одлуката на Министерството за државна управа да ја прекине праксата на бесправно располагање на државниот имот заради која државата губела милијарди куни.

Во станот службениците на министерството влегле на сила, а по откривањето на различните предмети началникот на секторот за недвижности Томислав Воларевиќ изјавил дека станува збор за недозволени дејности односно проституција.

„Најголем проблем се несредените имотни книги кои не даваат увид во вистинските работи на теренот и како што сите знаеме повеќето згради не се запишани во имотните книги односно не се етажирани во склад со сопственоста и другите права“, изјавил Воларевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот