Скандал во Велика Британија: Вакцината понудена на сериски убиец пред да ја добијат ранливите категории?

Фото: no, Credit line: - / SWNS / Profimedia

Серискиот убиец Левај Белфилд (52) наводно добил повик за вакцинација против ковид-19 пред милиони постари Британци и оние лица кои се во најранливиот дел од популацијата заради полошо здравје.

На убиецот, чија жртва е и детето Мили Даулер (13), му било речено дека тој и неговите цимери во затворот Френкланд во Дурам ќе бидат вакцинирани во следните недели, пренесува Сан.

Оваа вест дојде во време кога Британците постари од 80 години, млади луѓе кои страдаат од хронични болести, здравствени работници и наставници се уште чекаат да бидат вакцинирани.

„Изненадува убедувањето дека затворениците, меѓу кои и убијци на деца, треба приоритетно да добијат вакцина. Се надевам дека во случајот ќе се вклучи министерството за правда и ќе открие чија идеја беше вака да се дистрибутираат вакцините, рекол Дејвид Бланкет, бивши министер за полицијата.

Белфилд, кој покрај девојчето, убил и две жени во различни напади, рекол на цимерите дека добил известување дека ќе ја примат вакцината, но истовремено и се пожалил.

„Ова веќе требаше да се случи, бидејќи короната може како пожар да се прошири во затворот и сите да бидеме во опасност, рекол наводно убиецот.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот