СКАНДАЛ ВО ТИРАНА: Мајка се проституира на улица, малолетните деца и договараат клиенти (ВИДЕО)

Принтскрин

Во емисијата „Стоп“ во албанската Телевизија Клан, синоќа беше објавен скандалозен случај на проституција на жена во една од главните улици на Тирана. За ваквата состојба загриженост изразиле околните жители, кои неколкупати се жалеле во полицијата, но не добиле решение. Сè се случува како ритуал секоја ноќ после 22:30 часот и тоа пред носот на полицијата.

Она што го прави овој настан уште пострашен е присуството на две малолетни деца на жената што се проституира на улица. Нејзиниот најстар син е на 12 годишна возраст, а најмладиот на 6, тие и служат како подведувчи на нивната мајка. Преку скриена камера, „Стоп“ било откриено дека 12-годишното момче преговара со потенцијалните клиенти и возачи на автомобили кои застануваат тука за неговата мајка. Жителите од околината, под услови на анонимност, велат дека ситуацијата станала вознемирувачка.

– Неколку пати отидовме во полиција. Таа е една госпоѓа со две малолетни деца која доаѓа после 22:30 часот и ги чека своите клиенти тука. Децата имаат околу 12 години, девојчето е 7 години. Дванаесетгодишното дете врши улога на подведувач на мајката. Тука се собираат голем број автомобили, викаат, децата плачат. Понекогаш клиентот не ги дава парите, се тепаат со тупаници, се навредуваат. Се плашиме да излеземе – вели жител од ова населба.

Инфилтрирано лице од емисијата „Стоп“, кој се појавува како клиент, ја откри целата оваа криминална активност преку скриена камера. Неколку метри подалеку стои полициска патрола, која не се меша, туку стои во дистанца. Госпоѓата што се проституира вели дека ги познава полицајците и не и предизвикуваат проблеми, пренесува ТВ Клан.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот