Скандал во Шпанија: На натпреварувачка во реално шоу ѝ е пуштена снимка на која ја силуваат (ФОТО)
Шпанија ја тресе скандал од сериозни размери. Учесничката во шпанското реално шоу „Големиот брат“ или како што во Шпанија се нарекува „Gran Hermanо“, Карлота Прадо (24) продукцијата во исповедалницата ѝ покажала видеоснимка на која се гледа како колега од шоуто ја силува.
Снимката не била емитувана во етер, но стигнала во рацете на шпанските медиуми, а јавноста е згрозена.
Шпанските медиуми пишуваат дека шокираната девојка во неверување ја гледала снимката и ги молела продуцентите да ја прекинат, а глас ѝ одговара дека се случило нешто за што не била свесна и дека мисли дека треба да дознае за нападот.
Откако на една од забавите во куќата испила неколку чаши алкохол повеќе, девојката изгубила свест и не знаела што се случува околу неа, а натпреварувачот Хозе Мариа Лопез (26) ѝ помогнал да дојде до креветот. Карлота претходно во шоуто започнала романса со него, но не се согласила за полов однос, а не била ни во состојба да го направи тоа.
Шпанскиот портал El Confidencial пишува дека на снимката се слуша како девојката вели дека „не може“, а Лопез го обвинуваат дека започнал сексуален однос кој траел неколку минути, додека продуцентите не го запреле.
Следниот ден Лопез бил исфрлен од шоуто, а несреќната Карлота во исповедалницата дознала што се случило.
Оваа ситуација датира од 2017 година, но последниве денови е актуелна во шпанските медиуми, а окарактеризирана е како „ТВ скандал број 1 во Шпанија“.