СКАНДАЛ ВО САД: „Американскиот херој“ е лага, а сликата што Трамп ја објави е фотошопирана (ФОТО)

Фото: Твитер

Многу медиуми објавија вест дека американскиот претседател Доналд Трамп одликувал куче по име Конан, кое учествувало во акцијата во која беше убиен лидерот на Исламска држава Ел Багдади, а подоцна се докажа дека веста е лага, а фотографијата фотошопирана.

„Американски херој”, напиша Трамп на фотографија на која се гледа медал околу вратот на германскиот овчар, по што медиумите известуваа за одликувањето.

Потоа беше утврдено дека веста е лажна и оти фотографијата од одликувањето всушност е фотошопирана. Немало одликување, а ниту кучето не било во резиденцијата на американскиот претседател, потврдиле од Белата куќа за „Гласот на Америка”.

Белата куќа исто така потврди дека фотографијата е фотошопирана.

Фото: Твитер

Според „Њујорк Тајмс”, оригиналната фотографија што ја преработил Трамп и припаѓа на агенцијата Асошиејтед Прес од настан во 2017 година кога Трамп го одликувал Џејмс Меклохан, ветеран во Виетнамската војна.

Меклохан тогаш бил одликуван затоа што за време на војната спасил животи на десет луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот