Скандал во Премиер лигата: Фудбалер на Евертон уапсен поради педофилија

EPA-EFE/PETER POWELL

Фубалер на англискиот премиерлигаш чие име не се открива, во петокот минатата недела е уапсен, потврди клубот од Ливерпул.
Англиските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот фудбалер е уапсен поради педофилија.

Евертон потврди дека го суспедирал фудбалерот, а засега се знае дека станува збор за играч од првиот тим на „кармелите“ и дека полициската истрага е во тек.
Исто така медиумите тврдат дека станува збор за репрезентативец чија куќа е претресена во петокот кога полицијата го уапсила фудбалерот.

Наводно фудбалерот во текот на кариерата променил бројни клубови и има заработено богатство од милионските трансфери. Евертон исто така објави дека ќе соработува со полицијата во истрагата како и дека повеќе нема да се огласува за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот