Скандал во најголемиот британски затвор: Чуварки имале сексуални односи со затвореници

Затвор илустрација/ Фото Petrášek Radek / ČTK / Profimedia

Осумнаесет чуварки на наjголемиот машки затвор во Велика Британија, Белмарш добиле отказ поради обвинение дека имале сексуални односи со затвореници.

Недозволените врски се одвивале во изминатите шест години и во приватен затвор во Северен Велс.

Како што пренесуваат британските медиуми, Џенифер Гаван една од обвинетите прифатила мито од 150 фунти да прошверцува телефон во ќелијата на затвореникот Алекс Коксон, а подоцна биле фатени и како си разменуваат експлицитни видеа на ВатсАп.

Гаван се изјаснила за виновна и е осудена на осум месеци затвор. Уште една чуварка е обвинета за сексуална врска со дилер на дрога, кој одлежал осум години затвор по предизвикана смрт како резултат на брзо возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот