Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Скандал во Ла Лига: Фудбалер на Севиља под истрага, намерно добивал жолти картони

Скандалозни информации пристигнува од шпанската Ла Лига, а во центарот на вниманието е фудбалерот на Севиља Кике Салас.

Имено, 22-годишниот фудбалер како што пренесуваат медиумите во Шпанија бил приведен од полицијата поради соменжи за учество во обложувачки скандал. Информациите се дека младиот Салас намерно добивал жолти картони во натпреварите на Севиља и така на неговите блиски им овозможувал големи добивки.

Се наведува дека постои можност во скандалот да се вмешани и други фудбалери и лица и во овие моменти истрагата е во тек.

Исто така се истакнува дека Кике Салас во финишот на минатата сезона во последните осум кола од првенството добил седум жолти картони и токму тоа е периодот кој се истражува.

Инаку, Салас е фудбалер кој целата своја кариера е дел од Севиља и бил дел од неколку генерации на овој клуб во младинските категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот