СКАНДАЛ ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА: Калуѓерки забремениле за време на мисионерски пат, не се знае кои се татковците

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Католичката црква отвори истрага откако две калуѓерки забремениле за време на мисионерски пат во Африка.

Две жени кои припаѓаат на специјалните верски одреди на Сицилија очекуваат деца иако имаат земено завет на невиност.

Една од нив ја открила бременоста по неколку недели, а другата дознала дека е во поодмината бременост кога се пожалила на болки во стомакот.

Двете калуѓерки сега се соочуваат со притисок да го напуштат верскиот живот.

Една од калуѓерките се вратила во Палермо за да се спреми за раѓање на детето, додека другата која е со потекло од Мадагаскар, се вратила во својата матична земја. Тие сега имаат опција да се одречат од монашкиот живот и да се посветат на мајчинството.

– Очигледно е дека имале некој облик на сексуален однос. Покрената е истрага. Двете прекршиле строги правила на невиност – рекол за „Сан“ црквен извор од Рим, каде католичката црква има седиште.

На почетокот на оваа година, папа Фрањо признал дека многу калуѓерки се силувани, нарекувајќи го тоа „сериозен, сериозен проблем“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот