Скандал во Италија по прислушување на новинари кои ја истражувале миграцијата

Италијанската министерка за правда Марта Картабија ќе испрати инспектори на Сицилија по извештаите во медиумите дека обвинители прислушувале стотици телефонски разговори на најмалку 15 новинари кои известувале за миграцијата во Средоземното Море, објави Гардијан.

Италијанскиот весник Домани во петокот откри дека судиите во Трапани, кои истражуваат невладини организации за спасување мигранти и хуманитарни организации вклучени во трговија со луѓе, прислушувале телефонски разговори меѓу новинари и спасувачи и наводно им ги откриле изворите на медиумските работници.

„Гардијан” испита документи кои детално опишуваат како обвинителите во Сицилија тајно ги прислушкувале разговорите меѓу новинарите и вработените во организациите. Се дискутираше за доверливи информации поврзани со нивните новинарски материјали.

Адвокатите и организациите го опишаа прислушувањето како еден од најсериозните напади на медиумите во историјата на Италија.

Министерката Картабија побара истрага за истрагата за Трапани. Според извор близок до Владата, министерката испратила инспектори на Сицилија за да проверат дали се повредени правата на новинарите.

Десетици пратеници побараа од Владата да интервенира. Предложено е и законодавство за да се заштитат новинарите од прислушување на нивните разговори со извори.

Обвинителите во Трапани велат дека фајловите со разговорите на новинарите им ги предал поранешниот главен обвинител и дека имаат намера да побараат судија да ги уништи.

Неколку новинари, чии телефони тајно ги прислушувале истражителите во 2017 година, откриле како либиски трговци со луѓе биле ангажирани од либиската крајбрежна стража, која доби четири патролни брода од Италија, откако постигна договор со тогашниот италијански министер за внатрешни работи Марко Минити. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот