СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА: Протекла листа на 2000 пациенти на кои им биле испраќани тајни СМС пораки

илустрација

Анонимен СМС од број кој започнува со „0800“, со предупредување дека вградување на вештачко колено во јавните болници е опасно за здравјето, е пратен наводно на броевите на повеќе од две илјади пациенти, кои се на листата за тој медицински зафат во Хрватска. Прашањето е кој и како дошол до податоци за лицата кои чекаат на таа операција и ги злоупотребил.

Околу 15 пациенти без објаснување во последните неколку месеци се откажале од вградување на протеза на коленото во Клиниката за трауматологија.

„Еден пациент ни потврди дека добил порака каде се предупредува како во јавните болници, значи државните болници во Хрватска, вградуваат неадекватни импланти“, вели за ХРТ Сречко Сабилиќ, претставник на Клиниката за трауматологија.

Се истражува кој и како дошол до листата на пациенти и нивните броеви, па им испратил вознемирувачки пораки.

„Податоците се чуваат во архивите на поединечни болници и во одделите кои се занимаваат со тоа, ќе истражиме и верувам дека ќе пронајдеме кој ги дал тие податоци“, вели министерот за здравство Милан Кујунџиќ.

„Тоа е една исклучително опасна работа, каде се работи за приватноста на нашите осигуреници и нивно вознемирување, смета Луциан Вукелиќ, директорот на ХЗЗО и нагласува дека службите мораат да ја одработат нивната работа.

Вградување на протеза на коленото на трауматологија чекаат околу 800 пациенти и до две години, а за имплантите од Клиниката велат дека нема никакво загрижување.

„Во клиниката за трауматологија се вградуваат протези од најмногу категории, кои нималку не заостануваат зад приватните установи“, вели Сабилиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот