СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА: Продале лаптоп со доверливи информации, еве каде завршил! (ВИДЕО)

Германската армија продала половен лаптоп кој сѐ уште содржи доверливи информации, објавија медиумите. Според пишувањето на „Зидојче цајтунг“, станува збор за оперативни инструкции за лансирна ракетна рампа за Марс, класифицирани како „доверлива информација – само за службена употреба“.

Се верува дека компјутерот се нашол во оглас без да бидат избришани податоците од дискот, а го купил шумар од Баварија, кој купил вкупно четири користени владини лаптопи.

Кога забележал дека во еден од нив сѐ уште има податоци, случајот го пријавил во министерството за одбрана.

По нивно барање компјутерот им бил вратен, но рекле дека од податоците за лансирни рампи не може да се добијат никакви „критични“ информации за армијата.

По деталните истраги, министерството утврдило дека лаптоп со податоци бил продаден и во 2016 година, но не можело да се утврди што точно имало на неговиот диск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот