Скандал во Германија, Неонацисти ги навредуваа фудбалерите на Баерн

Вториот тим на Баерн Минхен кој се натпреварување во третата Бундес лига беа вулгарно навредувани на гостувањето кај Чемницер. Натпреварот заврши 2:2, но домашните навивачи во текот на целиот натпревар ги навредуваа фудбалерите на Баерн помеѓу кои има и црномурести фудбалери.

Навивачите на Чемницер кои во Германија важат за едни од поагресивните навивачки групи со неонацистички ставови, во еден момент од натпреварот, се свртеа и против управата на својот клуб, поточно кон спортскиот директор Томас Соботцика нарекувајќи го „еврејска свиња“.

Клубот веднаш се јави со соопштение во кое го осуди однесувањето на навивачите, а управата на клубот им забрани на фудбалерите по натпреварот да одат до трибината за да се заблагодарат за поддршката.

Чемницер долги години има проблем со своите радикални навивачи кои се декларирани улрадесничари и неонацисти. Поранешниот капитен на клубот, Даниел Фран, на почетокот од август доби отказ бидејќи јавно ги поддржа навивачите неонациски и ден натпревар следеше заедно со нив.

Таквиот потег ги налути навивачите кои на наредниот натпревар, од Купот на Германија кој се одигра 11 август, тие на трибините држеа хартија со бројот 11, кој го носеше Фран.

Токму поради тоа, навивачите ги навредуваа спортскиот директор, Соботцика против вториот тим на Баерн Минхен, и истовремено ги навредуваа гостинските фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот