Скандал во Евролигата: Грчки кошаркар суспендиран на две години

Грчкиот кошаркар Константинос Митоглу кој настапуваше за повеќе тимови од Евролигата, падна на допинг-тестот направен пред една година, а денес во грчките медиуми е објавено дека е суспендиран на две и пол години.
Во телото на Митоглу по направените тестови во телото му биле пронајдени траги од супстанца која е помеѓу забранетите за користење.
За се што му се случува, кошаркарот ја обвини докторката која го убедила дека апчињата се дозволени.
„Мојата докторка ме убеди дека таблетите од Русија многу ќе ми помонгат. Ми даде чист серум и ми зборуваше дека тоа ќе ми го прочисти телото. Освен лекувањето на повредата и зголемувањето на физичките способности, третманот имаше за цел да ми го зголеми и либидото. Дефинитивно таа ми го уништи животот“, изјави Гркот.
Митоглу од 2017 до 2021 година настапуваше за Панатинаикос за последната сезона во досегашната кариера да ја помине во Олимпија од Милано. Гркот има право на жалба до спортскиот суд на ФИБА.