Скандал во Брисел: Полицијата спречи „ковид оргија“, меѓу учесниците европратеник и повеќе европски дипломати

Белгиска полиција/Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија” во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.

Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент не се откриваат од страна на полицијата, но познато е дека пратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.

Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг”.

Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.

ОБНОВЕНО во 14:48:

Европратеникот кој учествувал во геј-оргијата во Брисел е од Унгарија, од партијата на Виктор Орбан: Тој е гласен конзервативец против ЛГБТИ правата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот