Скандал во Баерн, играчите бегаат од тренерот

EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Баерн Минхен минатиот викенд ја освои 29 . титула во Бундес лигата и на момент беа ставени на страна несогласувања помеѓу поголем дел од фудбалерите и тренерот Нико Ковач.
Но откако заврши сезоната, според угледниот германски весник „Билд“, фудбалерите на Баерн Минхен одржале состанок без присуство на тренерот. На состанокот присуствувале сите фудбалери, дури и повредените за кои сезоната заврши предвреме.

„Шефовите на Баерн молчат за иднината на Нико Ковач, ниту самите фудбалери не знаат како ќе се одвиваат работите со тренерот. За да не ја загрозат целта, триумф и во Купот на Германија, тие сами преземаа иницијатива. Минатата среда, веднаш по завршувањето на тренингот, „лидерите“ во соблекувалната одржаа интерен состанок на кој присуствуваа и повредените играчи, но ги немаше тренерот и неговите помошници. Пред играчите излегоа, Рибери, Левандовски, Рафиња и Таиго и итно повикаа на единство во тимот. Не е важно дали разговараа за тренерот, за тактиката или меѓусебните проблеми“, пишува „Билд“.

Во германските медиуми, Нико Ковач и неговата иднина во Баерн Минхен, е редовна тема. Според нив, се водфи тивка војна помеѓу двајцата најмоќни луѓе во баварскиот тим, претседателот Карл-Хајнц Румениге кој сака смена на тренерот и директорот Ули Хенес кој се залага Ковач да остане на „Алијанц“ Арената и следната сезона.
Исто така, Ковач во текот на сезоната имаше несогласувања со неколку играчи, напаѓачот Роберт Левандовски, Франк Рибери, Арјен Робен, Тиаго и Матс Хумелс, но и покрај тоа, Баерн Минхен ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот