СКАНДАЛ ВО АВСТРИЈА: Деца во балетската академија на Виенската опера биле принудени да пушат за да бидат слаби

Деца во престижната балетска академија на Виенската опера биле приморувани да пушат за да ја контролираат својата тежина, се нагласува во истрага, јави Би-Би-Си.

Специјален комитет ги испитува наводите дека академијата ја загрозува благосостојбата на децата кои биле изложени на тешка обука и практики.

„Јасно е дека децата и младите не се доволно заштитени од дискриминација, небрежност и негативни медицински ефекти”, се вели во извештај на комисијата.

Скандалот почна во април по медиумскиот извештај во кој беше обвинета академијата во познатата државна опера во Виена за нанесување сериозни физички и ментални злоупотреби на своите студенти, како и за сексуален напад.

Неделниот весник „Фалтер” објави детална истрага во која се изложени на методи „од 19-ти век”, во кои се тврди дека младите танчерки биле удирани, изгребани додека не крварат, биле влечени за косата и ги понижувале поради физичкиот изглед, и поради тоа кај некои се развила анорексија.

Виенската опера соопшти дека ќе го анаизира извештајот пред да даде одговор. Академијата формирана во 1771 година е една од најпрестижните европски балетски училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот