СКАНДАЛ ВО АРГЕНТИНА: Свештеници осудени за сексуално злоупотребување на глуви деца

Фото: Профимедиа

Аргентински суд денеска осуди двајца свештеници за сексуално злоупотребување глуви деца во католичко училиште.

Градскиот суд во Мендоза го осуди свештеникот Никола Корадио на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбач на 45 години затвор за дела што се случиле во Институтот „Антонио Проволо” за глуви и деца со оштетен слух во северозападна Аргентина.

Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец, стар 59 години. Двајцата беа уапсени во 2016 година.

Судот, исто така, го осуди градинарот Арманд Гомез на 18 години затвор.

Нивните жртви се 10 поранешни ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот