Скандал во амбасада во Лондон: Кога го одбив додворувањето од амбасадорот, тој се сврте кон ќерка ми!

Дајен Кингсон (58), мајка на две деца, во аферата што ја тресе Англија вели дека била на раб на самоубиство поради сексуалното вознемирување на кои биле изложени таа и нејзината ќерка и тоа на нејзиното работно место.

Дајен работела како секретарка во амбасадата на Катар во Лондон и вели дека била мета на напади бидејќи не е муслиманка и дека поради тоа сите се однесувале кон неа како да има лесен морал.

Најмногу обвинувања на судот претрпел амбасадорот Фахед ал Мушиари, кој редовно ја носел Дајен во неговиот стан за да џвакаат кат, билка популарна во арапскиот свет и се користи како стимуланс. Тоа го правел надевајќи се дека Дајен сексуално ќе се возбуди и конечно ќе се согласи да спие со него, пишува Дајен во обвинението.

„На работа постојано правеше двосмислени и понижувачки забелешки на моја сметка“, рекла Дајен пред судот.

Дајен вели дека кога сфатил дека Дајен нема да попушти, почнал да ја „мерка“ нејзината 19-годишна ќерка.

„Постојано ѝ се обраќаше со лигав тон и со лигави зборови, ја гушкаше, а мене ме тераше да ги фотографирам“, вели Дајен.

Сето тоа траеше четири години. За тоа време Фахед во неколку наврати ја водел нејзината ќерка во Париз и ѝ купувал сè што ќе посака. Во тоа време ќерка ѝ била тинејџерка, а тој ѝ предлагал брак само за да може да спие со неа, а да не го прекрши законот.

Покрај тоа, Дајен сведочела дека друг дипломат, Али Ал Херири го терал да му организира секс журки, а Дајен постојано ја викал со него да патува на Куба.

Дајен во амбасадата работела од 2006 до 2014 година и примала плата од 30.000 фунти годишно.

Полиглот е и течно зборува арапски јазик. Сè издржувала до јуни 2014 година, кога ѝ се заканиле со отказ.

„Бев самохрана мајка со две деца и морав да си ја задржам работата како знам и умеам. Меѓутоа, моето ментално здравје сосема се уништи во тој период и бев на раб на самоубиство“, рекла Дајен пред судот, а деновиве стигна и пресудата, со која добива отштета од околу 390.000 фунти.

Владата на Катар не се вклучила во судскиот процес, поради што и од таму ќе мора да ѝ платат на Дајен отштета од 7.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот