СКАНДАЛ СРЕДЕ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА: Објавени експлицитни снимки од близок соработник на Орбан кој учествувал во оргии

Фото: Твитер/Balazs Csekö

Снимката која се појави на интернет датира од мај минатата година и снимена е на јахта во близина на Дубровник.

Денешните локални избори во Унгарија се проследени со с*кс скандал, откако на интернет се појави видео-снимка од оргијата на Жолт Боркаи, поранешен олимписки шампион во гимнастика и градоначалник на градот Ѓер.

Претходно, на девет дена пред изборите, се појавија првите фотографии од политичарот, кои оставија дамка врз неговата предизборна кампања.

Функционерот од владеачката партија Фидес е близок соработник на премиерот Виктор Орбан, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.

По скандалот, Боркаи му се извини на неговото семејство, но одби да поднесе отставка.

На снимката од мај минатата година, кој е направен на јахта во близина на хрватскиот град Дубровник, Боркаи е снимен и сликан како ужива во друштвото на неколку проститутки од Хрватска.

Тој призна дека снимката е автентична, но ги демантираше наводите дека консумирал дрога на оргиите. Боркаи во предизборната кампања за локалните избори се претставуваше како семеен човек и ги промовираше христијанско-конзервативните вредности на партијата Фидес на Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот