СКАНДАЛ: Половина лига во Молдавија вклучена во местење на натпревари

epa06233075 Copenhagen's Zeca (L) in action against Sheriff's Cristiano (R) during the UEFA Europa League group F soccer match between Sheriff Tiraspol and FC Copenhagen in Tiraspol, Moldova, 28 September 2017. EPA-EFE/DUMITRU DORU

Европол и молдавската полиција уапсија четири лица поврзани со скандалот со местење на натпревари.

Дури пет од 10 екипи кои се натпреваруваат во првата молдавска лига учествувале во местење на натпревари. Европол и молдавските власти задолжени за борба против корупцијата се сомневаат дека во последните пет месеци се наместени околу 20 натпревари од првата лига.

„Се верува дека челниците на екипите, тренерите, менаџерите, фудбалерите и останатите посредници се дел од криминална мрежа за местење на натпревари“, стои меѓу другото во соопштението на Европол.

Според Европол, криминалците на наместените натпревари во молдавскиот шампионат се обложувале најчесто во Азија. Облозите изнесувале помеѓу 10.000 и 20.000 евра, а вкупната заработка изнесува околу 600.000 евра.
Досега се уапсени четири лица, извршен е претрес во 34 домови и канцелариите на еден клуб, а се запленети 20 мобилни телефони, документација и кредитни картички.
Молдавскиот центар за борба против корупцијата се сомнева на 11 лица кои ги подмитувале играчите и судиите и ги местеле натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот