СКАНДАЛ: Навивачите на Олимпијакос ги нападнаа фановите на Баерн! (ВИДЕО)

twitter.com/24sports

Натпреварот од младинската фудбалска Лига на шампионите помеѓу екипите на Олимпијакос и Баерн го одбележа инцидент кој што сигурно УЕФА веднаш ќе го истражува и наскоро ќе има казни за организаторите на овој меч.

Според грчките медиуми, има повредени. Погледнете на видеото како сето тоа изгледаше:

Дуелот од третото коло во Атина го доби У19 тимот на Баерн триумфирајќи со 0:4 против У19 тимот на Олимпијакос.

Баварците водеа со 0:4, а во 84. минута следуваше инцидент. Играчите веднаш забележаа, обидувајќи се да ја смират ситуацијата, но реагираа веднаш од стручните штабови да ги тргнат настрана со цел да се избегнат уште поголеми инциденти.

Домашни навивачи на Олимпијакос влетаа на теренот, а потоа тргнаа физички да се пресметаат со фановите на германската екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот