Скандал на СП до 20 години: Капитенот на Нигерија не е пријавен фудбалер и играл фудбал само на улица!?

Фото: Тwitter

Скандал ја тресе ФИФА и актуелното Светското првенство за млади до 20 години кое се одржува во Аргентина. Причина за скандалот е капитенот на репрезентацијата на Нигерија Даниел Бамеји.

Според официјалните податоци Бамеји кој има 17 години е пријавен како фудбалер на Јум Јум во Нигерија, но тој воопшто не бил регистриран во нигериската федерација, па така не може да биде регистриран и во ФИФА. Најбизарното во целиот случај е што неговиот клуб Јум Јум не постои.

На сето тоа и ова не е негов прв повик, тој добивал и повик во репрезентацијата до 23 години, па дури беше во составот и на А-селекцијата за пријателскиот натпревар со Костарика и Африканскиот куп на Нации. На двата натпревари останал во клупата и не настапил.

„Повикан е затоа што добар дефанзивец кој може да помогне и како стопер и како десен бек. Можеби има играчи кои играат на повисоко ниво, но јас бирам играчи со квалитет за одредена позиција“, изјави селекторот Жозе Песеиро за неговиот повик.

Дел од новинарите во Нигерија пишуваат дека Бамеји е уличен фудбал, меѓутоа зад себе имал моќен менаџер кој му овозможува повици во репрезентацијата. Кога е се толку „матно“ во целата работа се поставува и прашањето дали навистина Бамеји има 17 години, проблем што со години ги мачи африканските селекции.

„Таков клуб Јум Јум не постои сега, а ниту било кога претходно. Станува збор за измислен клуб, а момчето игра фудбал на улица. Благодарение на неговиот менаџер добива повици во репрезентацијата“, пишуваат медиумите во Нигерија.

Откако целиот случај дојде до светските медиуми, сега на потег е ФИФА која би можела ригорозно да ја казни Нигерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот