СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: „Ербас“ издавал тајни на германската војска?

профимедиа

Германското обвинителство започнало постапка поради сомнение дека работниците на „Ербас“ издале документи за два проекти на германската војска. Ако се потврдат обвиненијата, големиот произведувач на авиони би можел да се најде во голем проблем, јавуваат германските медиуми.

Засега се работи само за сомнение. Но, доколку излезе дека ова е вистина, тоа може да биде шпионски случај со огромни последици, а најмногу поради тоа што сепак се работи за компанија со реноме, „Ербас“, која покрај цивилни произведува и воени авиони.

Се сомнева дека вработените нелегално дошле до посед на два проекти на германската војска за вооружување и ги предале на трето лице. Очигледно е дека станува збор за нов воен комуникациски систем.

Државното обвинителство вели дека се работи за оддавање на државни или делови тајни, но не и воени тајни. Се чини дека не станува збор за тајна од најголемо безбедносно значење.

По соопштението на Државното обвинителство од Минхен, „Ебан“ отворил интерна истрага. За целото тоа било информирано и германското Министерство за одбрана и сега би требало да биде отворена истрага против 17 вработени во „Ербас“.

Според информациите на германскиот таблоид „Билд“, истрагата се води и против еден вработен во германската власт и против него се започнати дисциплински мерки.

Министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, не сакалада зборува за детали во врска со овој инцидент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот