СКАНДАЛ НА МУНДОБАСКЕТ: Ова мора да е Е..НА шега, не е кошарка! (ВИДЕО)

принтскрин: Youtube/FIBA

Селекторот на кошаркарката репрезентација на Литванија, Даиниус Адомаитис не го криеше незадоволството после елимиминацијата на неговиот тим од Мундобаскетот во Кина.

Литванија загуби од Франција, а Адомаитис беше многу лут кон судиските одлуки на натпреварот против селекцијата на Франција. Двајца судии на мечот имаше од Порторико, а еден од Аргентина.

Имаше еден сомнителен момент во самиот финиш, при водство на Французите од 76:75 на пола минута до крајот, Јонас Валанчиунас не реализираше слободно фрлање, и Руди Гобер во борбата за скок го допре обрачот, што според правилата би требало да биде кош за Литванците.

– Судиите одлучуваат втор меч по ред. На Австралијците им пуштија да играат „рагби“, а сега…Ова е е..на шега, а не кошарка. Запрете ја играта, погледнете ја снимката. Тие луѓе поминуваат два месеци без своите семејства и се жртвуваат, почитувајте ги! Поради што се вложуваат пари во видео системот? Само погледнете и ќе биде фер. Дојдовме овде со своите цели и јасна идеја што сакаме. Играат две европски репрезентации, дајте тројца европски судии да ја делат правдата – коментираше селекторот на Литванија, Адомаитис.

Од групата Л во четвртфиналето се пласираа Франција и Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот