СКАНДАЛ НА МАЛДИВИ: Ексминистер примил мито за да го признае Косово?

Поранешниот министер за надворешни работи на Малдиви, Ахмет Шахд, е осомничен дека добил мито од два милиони американски долари за да ја признае независноста на Косово, јавува приштинскиот весник „Зери“.

Според весникот, медиумите во Малдиви пренесоа дека пратеникот Мохамет Насхед поднел  барање до парламентот со цел да ги испита и утврди фактите за овој предмет.

Во барањето, додава весникот, исто така се бара да се разгледа и преиспита одлуката за признавањето на Косово, и дали таа постапка е во согласност со меѓународните стандарди, пренесува „Косово онлајн“.

Во предлогот доставен до парламентот, е доставена и изјава на косовскиот министер за надворешни работи, кој е во заминување, Беџет Пацоли, во која, како што се наведува, признава дека трошел пари за лобирање со цел да се зголеми бројот на земји кои ќе го признаат Косово.

Малдиви ја признаа независноста на Косово во февруари 2009 година, речиси една година откако Косово прогласи еднострана независност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот