СКАНДАЛ: „Лукаку и 10 банани“, за Италијанците ништо чудно? (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

СКАНДАЛ: „Лукаку и 10 банани“, за Италијанците ништо чудно? (ВИДЕО)

Директорот на телевизијата „ТопКалчо24“, Фабио Равенаци, се извини пред јавноста поради таквата расистичка изјава...

Расизмот е сеуште огромен проблем на Апенините и Италијанците очигледно не можат да најдат решение како ова зло да исчезне не само од спортот, туку и воопшто од самото општество.

Еден срамотен коментар на италијански фудбалски аналитичар, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е најновата „жртва“ на расистички навреди.

Навивачите на Каљари расистички го навредуваа фудбалерот, а очигледно тоа во Италија и да не е толку чудно…

Еден срамотен коментар имаше италијанскиот фудбалски аналитичар Лучиано Пасирано кој беше гостин на една телевизија. Тој го оправдува расисичкиот испад на навивачите на Каљари и рече дека тоа е единствениот начин да се запре Лукаку.

Лукаку дојде летово од Манчестер јунајтед како големо засилување на „Џузепе Меаца“. „Неро-аѕурите“ имаат одличен старт во Серија А со три максимални победи на врвот, а Лукаку досега двапати се запиша во листата на стрелците.

twitter.com/inter

– Ако одите „еден на еден“ со него, тој вас едноставно ќе ве „убие“. Единствениот начин да го запрете Лукаку е секако да му фрлите 10 банани да ги изеде – рече Пасирани.

Директорот на телевизијата „ТопКалчо24“, Фабио Равенаци, се извини пред јавноста поради таквата расистичка изјава и порача дека тој никогаш повеќе нема да биде гостин во некоја емисија на оваа ТВ.

– Пасарини има 80 години и тоа што зборуваше за Лукаку беше расистички. Таквите изјави не можат да се толерираат и тој никогаш повеќе нема да биде наш гостин – коментираше Равенаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close