Скандал ја тресе НБА: Кошаркар суспендиран на 25 мечеви!

twitter.com/HipHopSince1987

Крилниот центар на Атланта Хокс, Џон Колинс доби забрана од 25 натпревари играње поради кршење на антидопинг програмата.

– Упатувам извинување до соиграчите, првите луѓе на Хокси, навивачите, партнерите и целото општество. Разбирам колку ова негативно влијае на тоа што сакаме да постигнеме, но сум во процес на жалба со цел што побрзо да се вратам на терените – истакна Колинс.

Имено, Колинс е казнет поради користење на хормон за раст, но тој како што тврди не знаел што користел.

Минатата сезона играчот на Атланта имаше просек од 19,5 поени и 9,8 скокови по меч, додека оваа сезона на пет натпреари имаше просек од 17 поени и 8,8 скокови.

Моментно после пет одиграни мечеви во НБА лигата во новата сезона Атлатна Хокс има учинок од две победи по ред на стартот од шампионатот, а потоа нареди три порази во низа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот