Скандал: Фудбалери платиле за да играат на Светското првенство?!

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Додека се чекаат натпреварите од четвртфиналето на Мундијалот, во јавноста се појавија информации за голем скандал.

Дефинитивно ова Светско првенство во Катар ќе остане запаметено како најбогато, но и најконтроверзно. На ова се дополнува новиот скандал во кој се тврди дека фудбалерите на репрезентациите на Гана и Камерун плаќале за да настапат на Мундијалот.

И пред почетокот на Мундијалот се стана сомнително кога селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг во моментот кога го соопштуваше списокот изгледаше како да не е баш најдобро запознаен со имињата на фудбалерите кои ги чита.

На неговиот список се најдоа Џером Нгом Мбекели и Суаиба Мара кои претходно одиграа само три натпревари во дресот на Камерун.

„Одредени репрезентативци на Камерун и Гана плаќале за да играат на Светското првенство. Некои од нив плаќаа и за само да се најдат на списокот на селекторот“, открива познатиот новинар Ромен Молин.

Неговите тврдења направија вистински хаос и веќе се објавуваат имиња на играчите за кои се смета дека платиле. Навивачите на Гана веруваат дека Баба Рахман платил за да биде на големата сцена, а на сметка на тоа испаднал Џефри Шлуп од Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот