12 C
Скопје

Скандал: „Антидискриминаторот“ Даштевски за претседател на ДИК!?

Да го понудите Даштевски како кандидат за претседател на ДИК е, благо речено, дрскост и потсмевање и со македонските гласачи и со македонската и меѓународната јавност.

Продолжува талкањето по политичките и криминалните беспаќа на вмровската партија на Груевски што ја води неговиот советник за енергетика, познат и како „математичарот“ или „хидро“ Мицкоски. По бламажата за време на техничката влада во 2020 година, со Драган Ковачки (одбиен), Наќе Чулев, Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски и неколку други неславни ликови од нивната сликовница на политичките апсурди, вмровците се закитија со уште еден лампион – го номинираат Александар Даштевски за нов претседател на Државната изборна комисија.

Веројатно малку луѓе ќе се сетат на него, но овој најнов бисер од кујната во белата дивоградба, Даштевски, не е наивен предлог. За кого се работи?

Секогаш кога ќе се спомне случај на дискриминација и кршење на човековите права и слободи, човек треба да се сети и на еден мрачен лик, партиски војник, потврден мразач, бранител на режимот на Груевски, „на браникот на криминалот“, што би рекол вмровецот Мицкоски. Тоа е Даштевски, своевремено прв човек на државната Комисија за заштита од дискриминацијата. Него го постави Груевски со цел да го уништи ова државно тело и да го претвори во бедем токму за заштита и оправдување на неправдите на режимот. И на социјалните мрежи се однесува крајно скандалозно, се вклучува во неконтролирани хајки со изливи на омраза и клеветење, кои не му доликуваат никому, а најмалку на некој што бил прв човек на државна институција за заштита од дискриминацијата.

Со скандалозна, да не речам криминална, злоупотреба на својата позиција во Антидискриминаторска, тој во повеќе наврати излезе со одбрана на Груевски и Јанкуловска во текот на нивните судења. Со право ќе речат некои дека Даштевски му обезбеди „правен“ простор на Груевски да избега од земјата. Пред судот во Солун, Даштевски беше сведок на одбраната и на бегалците Грујовски и Бошковски, поранешни началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, обвинети во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“. Тие избегаа во Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Ете, и нив ги бранеше Даштевски, со злоупотреба на својата позиција и со злоупотреба на академските титули за кои исто така може да се дискутира.

На изборниот систем во земјава му претстојат големи и сериозни реформи. Нашата земја е корисник на донации во вредност од десетици милиони евра, испратени се експерти од најрелевантните светски организации. Да го понудите Даштевски како кандидат за претседател на ДИК е, благо речено, дрскост и потсмевање и со македонските гласачи и со македонската и меѓународната јавност. Срам е и за партијата, но тоа не му е проблем на хидро-Мицкоски.

Преземено од Цивил Медиа

Поврзани вести

Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е шега

Ваљон Салиху

Враќањето на германската политика

Јошка Фишер

За Трајко, со почит

Атанас Костовски

Рускиот проблем: НАТО

Ѓуро Козар/Ослобоѓење

Мистерија на третата доза

Ана Митиќ/Недељник

Лет од место

Жанета Скерлев

Остави Коментар